Aнализа „Развојот на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО“

Aнализата се фокусира на пет главни категории на медиумскиот развој како составен дел од секој медиумски систем, и тоа:

1. Регулаторниот систем како предуслов за ефикасно остварување на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста на медиумите
2. Плурализам и разновидност на медиумите, пазарот и економското опкружување и  транспарентност на сопственоста
3. Медиумите како платформа за демократска дебата
4. Професионален капацитет на институциите кои се основа на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста

5. Инфраструктура за поддршка на независните и плуралистички медиуми

Анализата која е изработена од  домашни автори, по опсег и по содржина е прва од ваков тип во Македонија и претставува ефикасен механизам за континуирано и конзистентно следење на медиумскиот развој на земјата  според меѓународни стандарди.  За секоја категорија  се формулирани препораки кои се надеваме дека ќе бидат корисни во процесот на подобрување на состојбата со медиумите и усогласувањето на домашното со европското  медиумско законодавство. Националната студија е доставена до  сите релевантни институции со надлежности во медиумската сфера и до медиумите.

Анализата е финансирана преку регионалниот проект на УНЕСКО „Мониторинг на медиумскиот развој“ и претставува прв дел од компаративниот проект „Имплементација на индикаторите на УНЕСКО за медиумски развој во Југоисточна Европа“ (2011) што го предводи Центарот за истражување медиуми и комуникации, дел од Факултетот за политички науки при Универзитетот во Загреб. Во компаративната студија е вклучен и Медија центарот при Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград.