Стипендии за новинари за истражувачки проекти на Слободниот Универзитет во Берлин

Новинари од Европа, САД, Русија и арапските земји може да се пријават за стипендиите за европско новинарство што ги доделува Меѓународниот центар за новинарство при Слободниот Универзитет во Берлин. Програмата којашто се спроведува во два семестра ќе им овозможува на учесниците да ги надградат своите знаења преку реализација на истражувачки проекти на овој престижен универзитет, како и да соработуваат со своите колеги од другите земји.

Програмата започнува во октомври 2013 година и завршува во јули 2014 година.

Сите високо квалификувани новинари, со повеќегодишно работно искуство, кои се во редовен работен однос или фриленсери, може да аплицираат за стипендија најдоцна до 28 февруари 2013 година.

Апликациите може да се достават на Англиски или Германски јазик, и во нив кандидатите треба да го образложат истражувачкиот проект кој би го работеле во текот на двата семестра на Слободниот Универзитет.

Комплетните информации за програмата и формулар за аплицирање се прикачени во прилог, а повеќе детали може да се најдат на следната веб страница: http://www.polsoz.fu-berlin.de/en/kommwiss/institut/journalistenkolleg/ejf/bewerbung/index.html