Фондацијата “Evens“ наградува тековни проекти од областа на медиумското образование, пријавување до 15 април

“Научи да читаш слики“ е темата на годинешната награда за медиумско образование што ја доделува Фондацијата “Evens“, а која има цел да ги поддржи напорите за унапредување на визуелната писменост кај децата на возраст помеѓу четири и осум години.

Наградата ќе биде доделена на тековен европски проект кој се фокусира на подобрување на визуелната писменост, директно кај децата на возраст помеѓу четири и осум години, или преку нивните родители.

На конкурсот може да се пријават организации, здруженија и институции од Европската Унија, како и од земјите кои се официјални кандидати за членство во ЕУ.

Крајниот рок за пријавување е 15 април 2013 година.

Повеќе информации за конкурсот, критериумите и начинот на пријавување можете да добиете на следната веб страница:

http://www.evensfoundation.be/en/node/431