Конкурсот „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“ на Роберт Бош и Томсон Ројтерс отворен за новинарите до 10 февруари

Новинари од Балканот, најдоцна до 10 февруари 2013, ќе може да се пријават за учество во програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, која ја спроведуваат Фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс. Програмата има цел да поттикне квалитетно аналитичко новинарство и известување за економските прашања, да го подобри известувањето за теми кои се централни за регионалниот економски и политички развој, како и да ја охрабри регионалната соработката меѓу новинарите.

Во годинешната програма, 16 избрани новинари ќе учествуваат на два двонеделни курса во Лондон (од 13 до 27 април) и во Берлин (од 15 до 28 септември), под водство на искусни поранешни новинари на Ројтерс. Учесниците исто така ќе ги посетат Франкфурт и Брисел, каде ќе се сретнат со тамошните креатори на политики и со новинари кои следат економски и политички прашања.

Курсот ќе ги опфати следните теми:

• Пишување за пазарните економии во развој

• Известување за пазари и за компании

• Практични вежби, засновани на актуелни европски теми

Апликантите треба да зборуваат англиски јазик, да се занимаваат професионално со новинарство, и да имаат најмалку две години работно искуство во весник, веб страница, радио или телевизија. Заинтересираните треба да имаат искуство во покривање на економски теми или на друг начин да го демонстрираат своето интересирање за економски или политички прашања.

Повеќе информации за конкурсот можете да најдете на следната веб страница: http://www.bosch-stiftung.de/content/language2/downloads/CfA_2013.pdf