Во тек е пријавувањето за Балканската стипендија за извонредност во новинарството

Искусни новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија, најдоцна до  5 (петти) март, 2013, може да аплицираат за седмата по ред Balkan Fellowship for Journalistic Excellence programme.

Десет новинари кои ќе бидат избрани на конкурсот од страна на независна комисија (independent committee), ќе добијат финансиска и професионална поддршка да спроведат детално истражување на тема важна за регионот и за Европската Унија. Областа за истражување оваа година е „Интегритет“ (INTEGRITY).

На најдобрите три истражувања, независната комисија ќе им додели награди од 4.000, 3.000 и 1.000 евра. Завршните текстови ќе бидат објавени на англиски јазик и на локалните јазици, во познати регионални и меѓународни медиуми.  

По завршувањето на програмата, новинарите ќе станат членови на регионална мрежа на поранешни стипендисти, која овозможува соработка со истакнати регионални и меѓународни новинари, промоција на нивната работа, професионална поддршка и натамошни финансирања за истражување и патување.  

Формуларите за аплицирање, упатства и дополнителни информации за стипендијата се достапни на: http://fellowship.birn.eu.com/en/fellowship-programme/apply-now-for-the-2013-fellowship