Конкурс за стипендиската програма за демократија “Реган - Фасел“, пријавување до 1 ноември

Активисти, практиканти, научници и новинари ширум светот, кои сакаат да го продлабочат своето разбирање за демократијата и да ги унапредат способностите за промовирање на демократските промени, можат да аплицираат за стипендиската програма за демократија “Реган-Фасел“ на американската организација National Endowment for Democracy (НЕД). Ова е петмесечна програма, ориентирана кон меѓународна размена, која на стипендистите им нуди колегијална соработка за спроведување истражувања и пишување, создавање контакти во САД и градење врски што придонесуваат кон развој на глобална мрежа промотори на демократијата.

Програмата пред сè е наменета за поддршка на практичари и научници од земјите во демократски развој, но и за истакнати научници од етаблираните демократии. Проектите кои ќе се работат во рамки на програмата може да се фокусираат на политички, социјални, економски, правни и културни аспекти од демократскиот развој, вклучувајќи различни методологии и пристапи. За стипендистите е обезбеден месечен надоместок, здравствено осигурување, патна помош и поддршка за истражувања, а од нив се очекува  да бидат целосно посветени на своите проекти.

Програмата ќе биде организирана во две петмесечни сесии во текот на 2014 и 2015 година:
- есенска: од 1 октомври 2014 до 28 февруари 2015 година, и
- пролетна: од 1 март до 31 јули 2015 година

Сите заинтересирани може да аплицираат најдоцна до 1 ноември 2013 година.

Повеќе информации за критериумите и начинот на пријавување можете да добиете на следната веб страница: http://www.ned.org/fellowships/reagan-fascell-democracy-fellows-program