Национална конференција: „Новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори”

Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите, во соработка со УНЕСКО и со Делегацијата на Европската Унија, утре (10 ноември) организираат национална конференција на тема „Новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори”.
Настанот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“(сала Милениум 2), со почеток во 11 часот.

На тркалезната маса ќе се обратат Шефот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Аиво Орав и Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, а свои излагања ќе имаат Енес Османчевиќ од Советот за етика на Босна и Херцеговина, Мартин Хакерби, медиумски експерт од Велика Британија, како и претставници на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, Медиапринт Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.

Конференцијата се организира како дел од проектот „Отчетноста на медиумите во Југоисточна Европа“ кој е имплементиран од УНЕСКО и финансиски е поддржан од Европската Унија.

Агендата за настанот е во прилог.