Продлабочување на релациите меѓу граѓанските организации и медиумите со цел поттикнување заеднички граѓански иницијативи и развивање истражувачки приказни кои се однесуваат на прекршување на човековите права, се некои од клучните поенти истакнати на Конференција „Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите за промоција на човековите права“, што ја организираше МИМ на 18 април 2013г.
Активизам
Македонскиот институт за медиуми ги поканува сите заинтересирани граѓански организации кои работат во областа на човековите права, да се вклучат и да учествуваат во активностите од проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“.
Медиумите и граѓанските организации коишто работат во областа на човековите права, ќе имаат можност поблиску да соработуваат и да изградат ефикасни релации за промоција на човековите права и на слободата на изразувањето преку проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“. Активностите ќе ги спроведува Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Центарот за независно новинарство од Букурешт, Романија во текот на оваа година.
Четиринаесет претставници на граѓански организации од земјава и активисти - индивидуалци учествуваа на првиот дел од работилницата посветена на користењето на он-лајн платформите за граѓански активизам од областа на човековите и малцинските права. Меѓу другото, учесниците имаа можност да се запознаат со начините на користење на интерактивната веб платформа www.aktiv.org.mk создадена од МИМ, чијашто експериментална верзија веќе може да се види на Интернет.
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) изразува поддршка на иницијативата покрената од страна на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници и Здружението на новинарите на Македонија за протестниот марш за солидарност закажан за утре, 4 јули, во пет до дванаесет пред просториите на ЗНМ.