Во Охрид одржани обуки за Унапредување на медиумската писменост во образованието

Како дел од проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Институтот за демократија, со поддршка на програмата “Матра“ од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, од 21 до 24 јуни, во Охрид, се одржаа четири обуки за наставници и професори по мајчин јазик од охридско-струшкиот регион.

Главна цел на овој проект е да се запознаат младите луѓе и адолесцентите со улогата и функцијата на медиумите во демократските општества, и воедно кај нив да се развие еден критички пристап во однос на анализирањето и проценувањето на медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни медиуми – печат, електронски медиуми, Интернет, реклами итн.