Trust In Media Fin

Професионалното новинарство и медиумски писмената јавност – клучни за зголемување на довербата во медиумите

Се чита за 0 мин.

trust in media fin

Целта на ова истражување е да утврди што влијае врз довербата на граѓаните во медиумите и како тие ги препознаваат и ги вреднуваат професионалните медиуми и новинарството од аспект на јавниот интерес на кој треба да му служат, медиумските слободи и независноста на медиумите. Истражувањето ги вклучува и перцепциите на граѓаните за тоа дали медиумите шират омраза, дезинформации и пропаганда. Се анализира и медиумско-родовата димензија, при што се разгледуваат ставовите на граѓаните за причините што ги прават новинарките мета на нападите и институционалните механизми за нивна заштита.

Ова е трето истражување во рамките на регионалниот проект на Мрежата за професионализација на медиумите од Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) „Отпор кон дезинформации и говор на омраза“, финансиран од Европската Унија. Се состои од два дела: анкета на јавното мислење за довербата во медиумите и родовите прашања во медиумите на Западен Балкан и фокус-група со новинари и уредници. Двете активности беа спроведени во периодот февруари-март 2021 година.

Извештајот од истражувањето е достапен во прилог: