Отворен конкурсот за наградата „Жан Моне“, пријавувањето трае до 15 ноември

Се чита за 0 мин.

Делегацијата на Европската Унија го објави конкурсот за наградата “Жан Моне“, посветена на најдобрите достигнувања во покривањето на теми поврзани со ЕУ и со процесот на пристапување кон ЕУ. Годинешната награда, која се организира по единаесетти пат, ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.

Рокот за пријавување трае до 15 ноември 2013 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 декември 2013г.

Поопширни информации околу начинот и критериумите за пријавување можете да добиете на следниот линк.

 

 

Jean.m2