Новости

Debata

Дебата: Истражувачко новинарство - за да се дознае вистината

Центарот за истражувачко новинарство СКУП - Македонија, утре (среда, 19 октомври) организира дебата на тема „Истражувачко новинарство - за да се дознае вистината“, која ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо центарот, со почеток во 11:00 часот. Дебатата е дел од регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, чиј што национален партнер е МИМ. Проектот е финансиран од Европската Унија. Дневниот ред може да го погледнете тука.  
DSC 1782

Обука за грантисти за административно и финансиско водење на европски проекти

Обука за административно и финансиско водење на европски проекти, беше организирана од страна на МИМ за претставници од невладините организации кои се доботници на грантови во рамки на проектот #Реформедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медумската сфера.
Reformedia2

Повик за доделување грантови за зајакнување на интегритетот на медиумите

МИМ објавува повик за доделување грантови за граѓански организации, професионални здруженија и еснафски организации на новинари и медиумски работници, со цел да се зголеми влијанието на граѓанското општество во насока на зајакнување на интегритетот на медиумите во земјава.
POVIK

Јавен повик до истражувачи на теми од медиумската сфера

Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана ги покануваат сите заинтересирани кандидати кои имаат истражувачко искуство и познавања на медиумската, научната и граѓанската сфера да се пријават на јавниот повик за учество во работилница за истражување и спроведување на акциски истражувања во областа на медиумите во земјава. Оваа активност се спроведува во рамки на проектот #РеФорМедиа, кој е финансиран од Европската Унија, а кофинасирањето е обезбедено од Британската амбасада во Скопје.
D.n.1

„Досие Телеком“ – најдобра истражувачка сторија на конкурсот за „Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство“ за 2015

Новинарот Борис Георгиевски ја освои првата награда на годинешниот конкурс за „Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство“, за серијалот текстови на тема „Досие ’Телеком‘“, објавени на интернет-страницата „Призма“. Сторијата ги обелоденува случувањата поврзани со корупциската афера „Телеком“ и бројните контроверзии кои ги следат работењето на компанијата и односите со македонскиот политички врв од 2001 година наваму.
Reformed2

Граѓанското општество, институциите и граѓаните - заедно за реформи во медиумската сфера

МИМ во партнерство со Мировниот институт од Љубљана,Словенија, во следните три години (2016-2018), ќе го спроведува проектот „#ReForMedia– Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”. Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанското општество во развојот и спроведувањето на медиумските реформи во земјата. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Европската Унија.
Eu.nagrada5

Отворен конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство

Сите новинари кои во 2015 година продуцирале и објавиле истражувачки стории кои известуваат за општествени прашања поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 30 март 2016 година.
Cover.nis2015

„Скопје 2014 под лупа“ најдобра истражувачка сторија за 2015

Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“.
Seenpm.org

СЕЕНПМ загрижена за состојбата со слободата на медиумите во Турција

Отворено писмо од Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) до претседателот и премиерот на Турција Почитуван претседател Ердоган и премиер Давутоглу, Загрижени сме поради тоа што вашата влада користи методи спротивни на едно демократско општество, со намера да изврши притисок врз медиумите и тие да се усогласат со владините политики.