Новости

Mim

Реакција од МИМ за вчерашните закани кон новинарот Борјан Јовановски

Македонскиот институт за медиуми е згрозен од атакот врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, на кого вчера на домашна адреса му беше доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“.
EU Award Za Mim

Отворен конкурсот за Награда од Европската Унија за истражувачкото новинарство

Сите новинари кои во 2014 година продуцирале и објавиле истражувачки стории поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 23 април 2015 година.
Ljubisa Arsik

Доделени наградите од конкурсот „Никола Младенов“ за најдобрите истражувачки стории во 2014

Денеска МИМ ги додели наградите од конкурсот „Никола Младенов“за најдобрите истражувачки стории во 2014 година. Добитник на првата награда е Љубиша Арсиќ за серијалот истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши“, објавени во неделникот „Фокус“.
Sloboda2

Реакција на МИМ по повод соопштението на Основното јавно обвинителство

Македонскиот институт за медиуми смета дека повикот на Јавното обвинителство да не се објавуваат материјали кои што можат да станат предмет на кривична постапка во т.н. случај „Бомба“ претставува обид за воведување експлицитна цензура во медиумите и во јавноста и придонесува за дополнително нарушување на слободата на медиумите и изразувањето.
IS2014v1

Конкурс за наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2014 година

Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2014 година.
Seenpm

Конкурс за нов извршен директор на СЕЕНПМ

Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за назначување нов извршен директор. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.
Seemf

Медиумите во Југоисточна Европа - Недоволно или премногу информации

На 16 и 17 октомври во Скопје ќе се одржи годинешниот Форум за медиумите во Југоисточна Европа, на тема “Медиумите во Југоисточна Европа - Недоволно или премногу информации”. За време на Форумот, реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поврзани со пристапот до информациите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина.
Med.ob

Медиумските организации од регионот усогласија стратегии за иницирање медиумски реформи

Пет национални стратегии за застапување, што содржат активности за поттикнување реформи поврзани со слободата на медиумите, медиумската независност, плурализам и интегритет во ИПА-земјите, се резултатот од регионалната работилница за застапување која ја организираше МИМ во рамки на проектот Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа, на 31 март и 1 април.
Radical.dem

„Радикална демократија“ – Видео конкурс за отворено општество

Мрежата „Doc Next“ ги повикува креаторите на медиумски содржи, активистите и критичарите на општествените збиднувања да ги споделат своите ставови на видео конкурсот „Радикална демократија“. Конкурсот е отворен за сите заинтересирани од цела Европа, кои може да пријават видео клипови во сите жанрови и визуелни форми, не подолги од 5 минути. Организаторите ги охрабруваат заинтересираните апликанти да снимат видео клипови специјално за овој конкурс, но, исто така може да се пријават и со видео материјали кои се снимени во последните 2 години.