Прашања и одговори - втор повик

Се чита за 8 мин.
        Прашање Одговор
 1 Дали е задолжителен партнер/ко-апликант за апликацијата, или може да аплицира и само една организација?         

На овој повик не е задолжително да аплицирате како партнерство. Доколку аплицирате самостојно, при пополнување на апликацијата изоставете ги полињата предвидени за податоци за ко-апликантот.

2

Дали проект кој сè уште е тековен и кој не е завршен може да се наведе како проект во листата на референции?

Со цел исполнување на барањата на објавениот повик за доставување предлози, организацијата која аплицира мора да има искуство во успешна имплементација на најмалку еден проект во последните три години, и тоа поврзано со една или повеќе области: медиуми, образование, застапување, јавни кампањи, продукција на уметнички програми, развој на проекти за дигитални иновации (види Упатство за апликанти, точка 2.2. Кој може да аплицира, потточка 3).

Еден проект се смета дека е успешно имплементиран ако ги содржи сите елементи на негова подготовка и реализација со донаторски средства, преку кој апликантот покажува искуство во организирање и менаџирање на проект, како и искуство во проектно известување.

Конкретен тековен проект нема да се смета како доволна референца за исполнување на барањата содржани во Упатството, но организациите кои аплицираат, заедно со уште најмалку еден проект кој ги исполнува барањата од Повикот за доставување предлози, може исто така да ги наведе и тековните, а незавршени проекти.

Ги потсетуваме организациите кои аплицираат дека оперативните и менаџерските капацитети на апликантите се едни од критериумите кои се евалуираат во оценувањето на апликациите (види Упатство за апликанти, Дел 4 . Оценување и избор на апликации).

3

Дали проект кој бил имплементиран без финансирање од донатори може да се наведе како проект во листата на референции?

Во контекст на овој повик за доставување предлози, под проект се подразбира привремена активност во која се содржани повеќе активности кои ги имплементира одредена организација или партнерство за одредена причина (цел, резултати), со планирани ресурси и во рамки на утврден временски период. Во таа смисла, проектот има датум на почеток и на крај, и истиот е имплементиран од проектен тим. Проектот може да биде финансиран со сопствени средства на организацијата или од донатори.
4

Дали проект кој е наведен во листата на референции и кој бил имплементиран мора да бил во областа на медиумите и информациската писменост?

Упатството за апликанти (види точка 2.2. стр. 4) посочуваат дека право да учествуваат имаат граѓански организации кои имаат искуство во успешна имплементација проекти поврзано со една или повеќе области: медиуми, образование, застапување, јавни кампањи, продукција на уметнички програми, развој на проекти за дигитални иновации (најмалку еден проект како референца во последните три години). Не е неопходно, проект кој бил имплементиран и е наведен како референца, да содржи конкретни компоненти нa медиумска и информациска писменост, туку мора да биде поврзан со една од областите наведени во Упатството за апликанти.
 5

Дали може да се аплицира за тековни проекти чија имплементација бара дополнителни финансиски средства?

Тековни проекти не може да бидат финансирани преку овој Повик за доделување грантови. Целта е организациите да се поттикнат да развијат нови проекти за потребите на овој Повик за доставување предлози и да се остварат целите наведени во Повикот. Кофинансирање на тековни проекти не е целта на овој Повик. Исто така, имајте предвид дека насоките за апликантите (во Делот 2.5.) укажуваат дека трошоците кои ги пријавува корисникот и кои се финансираат со друга активност или програма која добива грант од Европската унија (вклучително и преку EDF) се сметаат за недопустливи трошоци за проекти кои ќе бидат финансирани во рамките на овој Повик за доделување грантови.

6

Сакам да прашам во врска со референтниот проект. Дали истражувачки проект кој е имплементиран од организацијата и чии заклучоци упатуваат на потреба од унапредување на вештините за медиумска и информациска писменост на целната група, може да се наведе како референца? Би сакале да предложиме работилници за припадниците на целната група.


Насоките за апликанти (види точка 2.2, стр. 4) посочуваат дека право да учествуваат имаат граѓански организации кои имаат искуство во успешна имплементација проекти поврзано со една или повеќе области: медиуми, образование, застапување, јавни кампањи, продукција на уметнички програми, развој на проекти за дигитални иновации (најмалку еден проект како референца во последните три години). Не е неопходно проект кој бил имплементиран и е наведен како референца да содржи конкретни компоненти на медиумска и информациска писменост, туку мора да биде поврзан со една од областите наведени во Упатството за апликанти.

Пожелно е информациите наведени за референтни проекти кои биле имплементирани (може да се наведат најмногу три), како и описот на организацијата, да покажат постоење на капацитети и искуство за имплементирање на активностите планирани со предложениот проект.
Ги потсетуваме организациите кои аплицираат дека оперативните и менаџерски капацитети на апликантите се едни од критериумите кои се евалуираат во оценувањето на апликациите (види Упатство за апликанти, Дел 4. Оценување и избор на апликации).

7

Дали може една организација да достави повеќе од еден проектен предлог?

Една организација може да достави повеќе од еден проектен предлог.
8

Дали референциите на апликантот и на ко-апликантите ќе се оценуваат подеднакво (на пример: дали ќе биде валидно ако коапликантот има референца, а апликантот нема таква референца)?

Искуството на ко-апликантот т.е. референтните проекти можат, исто така, да бидат наведени, како што е наведено во точка 3.2. Досегашни проекти во Формуларот за аплицирање, но апликантот е тој што мора да ги исполни сите три барања наведени во Упатството за апликанти, точка 2.2. Кој може да аплицира? т.е. апликантот мора да има искуство - најмалку еден референтен проект во последните три години.
9

Проектите од Група 2, се однесуваат на продукција на ТВ/радио/дигитални образовни програми од областа на медиумската и информациската писменост (МИП), во соработка со медиумски и/или локални уметнички организации. Kој вид на формална соработка, и во таа смисла финансиски ангажмани, би можел да ги има апликантот/партнерството со медиумите, со оглед на фактот дека, согласно критериумите, медиумите не можат да бидат партнери. Дали е дозволено плаќањето да се врши директно на медиумите или само на лицата кои ќе работат на продукцијата на медиумските производи (на пример, како хонорари)?

Соработката помеѓу граѓанските организации (граѓанска организација како апликант или партнерство на граѓански организации) и медиумите може да се организира и да се плати како услуга (по основ на фактура која ја издава медиумот и во која се наведени услугите) доколку станува збор за соработка помеѓу двата субјекти; како услуга од поединец – новинар или некој од вработените кои се платени по основ на фактура, ако лицето има право да издава такви фактури; или, пак, преку хонорари/авторски договори со тие новинари – поединци или медиумски работници. Согласно шемата на регрантирање преку овој Повик, останува самиот апликант или партнерството да изберат кој тип аранжман на соработка ќе го изберат со медиумите. Притоа, при планирање на активноста и на трошоците треба да имат предвид дека медиумската содржина не треба да биде само продуцирана, туку и дисеминирана.

10 На што се мисли кога се вели „мала опрема до 10%“ (дали е тоа, на пример, лаптоп кој чини 300 евра)? Да, се мисли на секоја опрема неопходна и корисна за имплементација на проектните активности што, на пример, може да вклучува лаптоп, видео-камера или фотоапарат, снимач на звук, печатар.
11 Дали истражувања на јавното мислење се прифатлива активност? Истражувањето на јавно мислење може да биде прифатлива активност, само доколку е јасно дека истражувањето, во комбинација со други активности, придонесува кон целите на проектот, особено кон оние наведени во Повикот.
12 Дали може училиште да биде ко-апликант? Во Повикот е наведено дека може да аплицираат граѓански организации и овој статус мора да го имаат двата субјекти – и апликантот и партнерот. Училиштата не се граѓански организации. Ние ги следиме правилата од Повикот на Европската комисија кои ни овозможуваат да вршиме регрантирање на граѓански организации.
13 Дали за Грантот за медиумска писменост можат да аплицираат индивидуалци кои во континуитет остваруваат проекти од областа на едукација и уметност?

Апликантите имаат право да аплицираат доколку:

  1. Се регистрирани како правни лица кои извршуваат непрофитна дејност регистрирана во Северна Македонија,[1] а притоа треба да бидат независни од локалната и централната власт, јавните установи, политичките партии или верски институции;
  1. Активно функционираат најмалку една година (најмалку 12 месеци пред крајниот рок за аплицирање), што се докажува со Решение за регистрација;
  1. Имаат искуство во успешна имплементација на проекти[2] поврзани со една или повеќе од следниве области: медиуми, едукација, застапување, јавни кампањи, продукција на уметнички програми, развој на проекти за дигитални иновации.

Ко-апликанти: На Повикот за доделување грантови може да аплицираат како партнери две или повеќе организации, при што сите би требало да имаат активна улога во проектот. Во случај да аплицираат повеќе организации, главнот апликант задолжително мора да ги исполнува сите 3 услови наведени погоре, додека, пак, ко-апликантот/ите (партнерот/ите) треба да го исполнува/ат условот наведен во точка 1.

[1] Претставништва на меѓународни организации имаат право да учествуваат, под услов да работат како, и да имаат статус на граѓанска организација во Северна Македонија.

[2] Во контекст на овој повик за доставување предлози, под проект се подразбира привремена активност во која се содржани повеќе активности кои ги имплементира одредена организација или партнерство за одредена причина (цел, резултати), со планирани ресурси и во рамки на утврден временски период. Во таа смисла, проектот има датум на почеток и на крај, и истиот е имплементиран од проектен тим. Проектот може да биде финансиран со сопствени средства на организацијата или од донатори.
14 Здружението нема вработен, дали може во делот на плати да биде вклучен вработен како договор за дело со 10% персонален данок Во случај кога здружението нема вработен, надоместокот за договор на делот треба да се предвиди во буџетска линија 3.1 Хонорари за членови на проектниот тим кои не се вработени во организацијата, а се ангажирани по основ на договор за дело.
15 Дали претседателот на здружението може да биде и порект менаџер на проектот со платен надоместок Претседателот на здружението може да биде проектен координатор кому ќе му се исплати соодветен надоместок.
16 Дали ко-апликантот може да биде медиум?

На Повикот за доделување грантови може да аплицираат како партнери две или повеќе организации, при што сите би требало да имаат активна улога во проектот. Во случај да аплицираат повеќе организации, главнот апликант задолжително мора да ги исполнува сите 3 услови наведени погоре, додека, пак, ко-апликантот/ите (партнерот/ите) треба да го исполнува/ат условот наведен во точка 1 од Упатството за апликанти.

Секој ко-апликант се обврзува да потпише согласност со што го овластува апликантот да ја поднесе апликацијата и да го потпише договорот за грант. Со тоа апликантот е овластен да го потпише договорот за грант во име на сите партнерски организации.

Апликантот и ко-апликантот мора да бидат регистрирани во Северна Македонија. Партнерства во повеќе држави не се дозволени преку овој повик.
17 Дали проектниот менаџер мора да биде во работен oднос, бидејќи во предлог буџетот истиот фигурира во човечки ресурси односно плати и придонеси. Во нашиот случај, немаме се' уште вработени лица, туку истите се со договор на дело т.е. хонорар и волонтерство. Проектниот менаџер не мора да биде во редовен работен однос во организацијата-апликант. Тој може да биде ангажиран по договор на дело. Доколку проектнот менаџер е ангажиран по договор на дело, износот треба да се буџетира под буџетска линија  3.1 Хонорари за членови на проектниот тим кои не се вработени во организацијата, а се ангажирани по основ на договор за дело.
18 Вкупниот број на ангажирани луѓе треба да биде 3 вклучително и проектниот менаџер или пак 3 + 1? Не постои ограничување за бројот на ангажирани лица во рамки на проектот.
19 Дали под трошок за веб-страница се подразбира на веќе постојната или пак доколку се изработува на нов веб-сајт за конкретниот проект? Примерите во образецот 03_Formular_Budget се наведени индикативно, односно не се задолжителни и може да ги отстраните доколку за вашиот предлог-проект нема да има трошоци за Веб сајт, превод, семинари/конференции и сл. На нивно место може да наведете друг тип трошоци кои ќе ви бидат потребни.
20 Во поглед на забелешката за точноста на трошоците што е наведена во самиот формулар за буџет, имаме прашање што доколку настанат отстапување од трошоците, бидејќи истите не може да бидат во целост точно предвидени? Забелешката во поглед на точноста се однесува претежно на формулите за индиректни трошоци и вкупни трошоци. Исто така, доколку буџетирате дел од плата на вработен изразена во проценти (пр. 50%) буџетираниот износ треба да изнесува точно 50% од реалната бруто плата на вработениот. Токму поради фактот дека трошоците не можат да бидат во целост точно предвидени, постои можност за отстапување и/или реалокација. Овие две опции може да се користат откако ќе започне реализацијата на проектот.
21 Во поглед на условите за аплицирање, според упатството точка 2.3, се вели дека потребно е да се има искуство. Дали под искуство се подразбираат изработени анализи без финансиска поддршка од страна на финансиски донатори?

Третиот услов од Упатството за апликенти гласи:

  1. Имаат искуство во успешна имплементација на проекти[1] поврзани со една или повеќе од следниве области: медиуми, едукација, застапување, јавни кампањи, продукција на уметнички програми, развој на проекти за дигитални иновации.

[1] Во контекст на овој повик за доставување предлози, под проект се подразбира привремена активност во која се содржани повеќе активности кои ги имплементира одредена организација или партнерство за одредена причина (цел, резултати), со планирани ресурси и во рамки на утврден временски период. Во таа смисла, проектот има датум на почеток и на крај, и истиот е имплементиран од проектен тим. Проектот може да биде финансиран со сопствени средства на организацијата или од донатори.