Можност за студиска посета на Јапонија преку стипендиската програма за интелектуална размена

Фондација Јапонија го отвори конкурсот за стипендиската програма за интелектуална размена. Оваа програма им овозможува на селектирани интелектуалци од Источна Европа, Блискиот Исток и Африка, да остварат студиска посета во Јапонија, да спроведат сопствено истражување на избрана тема, како и вмрежување и размена на активности. На конкурсот може да учествуваат научници, истражувачи (со исклучок на студенти на додипломски и постдипломски студии), новинари, како и професионалци кои реализираат истражувачки активности од областа на хуманистичките и општествените науки, или кои имаат практично искуство во истражувања, медиуми, или непрофитни организации.

 

Сите заинтересирани кандидати треба да ги пратат своите апликации директно во Јапонската Амбасада во Австрија најдоцна до 2 декември 2011г, на следната адреса:   

Japan Information and Cultural Center
Attn: Ms. Bettina DAKURA
Schottenring 8, 1010 Vienna, Austria

За дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање користете ја следната е-пошта: bettina.dakura@wi.mofa.go.jp

Поопширни информации за програмата и критериумите за аплицирање можете да добиете на следната веб страница: http://www.jpf.go.jp/e/intel/exchange/organize/fellowship/index.html



Формуларите за аплицирање се во прилог.