Фондацијата Томсон Ројтерс стипендира новинарска обука за вештини на пишување и известување, рок за аплицирање до 6 јануари

Уште десетина дена време за аплицирање на заинтересираните за конкурсот на Фондацијата Томсон – Ројтерс, за шестмесечна стипендирана обука за подобрување на вештините за известување и пишување вести. Обуката се фокусира на аспектите на точност, непристрасност, брзина, јасност и структура, а ќе се реализира по принципот на учење лице в лице како и учење преку Интернет.
Организаторите обезбедуваат целосни стипендии за учество за новинари од земјите во развој кои работат во организации со ограничени средства за обуки и усовршувања.

Конкурсот е отворен за новинари или редовни соработници во медиумски организации, кои имаат најмалку 2 години професионално искуство, и кои не биле дел од програмите на Фондацијата Томсон Ројтерс во изминатите 2 години.
Исто така, заинтересираните кандидатите треба да располагаат со напредно ниво на говорење и пишување на англиски јазик.
Краен рок за пријавување е 6 јануари 2012.
Повеќе информации околу критериумите и начинот на пријавување можете да добиете на следната веб страница:

http://www.trust.org/trustmedia/journalism-training/courses-detail.dot?id=0be223a6-37f9-4737-8bf3-6de871f866e2