До 15 јануари пријавување за фото конкурсот Карл Цајс 2011

Сите заинтересирани фотографи и фото ентузијасти ширум светот, најдоцна до 15 јануари 2012 година, имаат можност да учествуваат на годинешниот фото конкурс на светски познатата компанија за фото и оптичка опрема Карл Цајс, на тема „Секој момент раскажува приказна“.

Заинтересираните кандидати може да учествуваат само со една сопствена фотографија, која мора да биде изработена со објектив на Карл Цајс, било од фотоапарат, мобилен телефон или од веб камера, и која не е предмет на интелектуална сопственост на други лица.

Техничките критериуми, како и начинот за пријавување можете да ги проследите на следната веб страница: http://blogs.zeiss.com/photo/en/?p=1084