Конкурс за учество на работилница во САД за известување за животната средина

Институтот Меткалф овозможува новинарски стипендии за 14-тата годишна научна работилница посветена на глобалните промени во крајбрежните екосистеми, која ќе се одржи од 3 до 8 јуни 2012г на Факултетот за океанографија при Универзитетот во Род Ајленд, Нарагансет, САД.
На работилницата, учесниците ќе се здобијат со практично искуство преку теренска работа во и околу Заливот Нарагансет, лабораториски вежби во истражувачки институции, и разговори со водечки писатели и научници.
Сите заинтересирани професионални новинари, кои сакаат да ги подобрат своите вештини на известување за животната средина и да се здобијат со практично искуство од научно истражување, може да аплицираат за стипендија најдоцна до 13 февруари 2012 г.

Стипендијата ги покрива трошоците за сместување, обука, како и поддршка за покривање на патни трошоци во износ од 500 долари. Кандидатите кои не се американски државјани, со апликациите треба да достават изјава дека имаат средства да ги покријат трошоците за патување во САД, и дека можат да обезбедат американска виза.

Програмата за еднонеделната работилница и критериумите за пријавување можете да ги проследите на следната веб страница:

http://metcalfinstitute.org/fellowships/sciences.htm