Привршува конкурсот за наградата „Лоренцо Натали“

 

Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна до 31 август 2011г, имаат можност да аплицираат за годинешното издание на наградата „Лоренцо Натали“.

Оваа интернационална награда која ги вреднува новинарските продукти што придонесуваат во борбата за поголеми човекови права, унапредување на демократијата и севкупниот развој воопшто, ја доделува Европската Комисија во соработка со Репортери без граници.

Секој апликант може да учествува со новинарски труд објавен во периодот од 1 јули 2010 до 31 август 2011 година.

Пријавувањето се врши преку веб страницата: www.lorenzonataliprize.eu