Распишан конкурсот за „Јасмин“, пријавувањето до 30 октомври

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” го распиша конкурсот за доделување на ова признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Иницијативите се доставуваат до одборот при Министерството за култура на Република Македонија, а рокот на пријавување е 30 октомври 2011.

„Мито Хаџи Василев-Јасмин” е најстарата награда која се доделува во областа на новинарството во нашата земја.  Церемонијата на доделување традиционално се одржува на 21 декември, денот на раѓањето на овој познат македонски новинар и публицист.

Конкурсот во изворна форма со целосните информации за условите на пријавување може да се пронајде на веб страницата на Министерството за култура.