Отворен конкурсот за програмата “Решенија во заедницата“

Во рамки на програмата “Решенија во заедницата“ (The community solution program), објавен е конкурсот за професионално усовршување на лидери во заедницата кои работат на проблеми поврзани со транспарентност и отчетност, толеранција и разрешување на конфликти, проблеми на животната средина и прашањата на жените.

Избраните кандидати ќе добијат четиримесечна стипендија во локална непрофитна организација или владина агенција во САД, воедно ќе имаат можност за структуирано виртуелно учење и вмрежување преку Институтот за лидерство во онлајн заедницата, како и дизајнирање и имплементација на последователни проекти во нивните матични земји.

“Решенија во заедницата“ е програма на Бирото за образование и култура при Стејт департментот на САД, што ја спроведува ИРЕКС (IREX).

Сите заинтересирани кандидати имаат можност да аплицираат најдоцна до 1 ноември 2011 година.

Повеќе информации околу критериумите и начинот на аплицирање можете да најдете на следната веб страница http://www.irex.org/application/community-solutions-information-applicants