Повик за аплицирање за стипендиската програма “Реган - Фескел“

Сите заинтересирани новинари, активисти, научници и практиканти кои сакаат да го продлабочат своето разбирање за демократијата и да ги унапредат способностите за промовирање на демократските промени, имаат можност најдоцна до 8 ноември 2011 година да се пријават за стипендиската програма за демократија “Реган - Фескел“ на американската организација National Endowment for Democracy (НЕД). Оваа петмесечна програма е ориентирана кон меѓународна размена, која на стипендистите им нуди колегијална соработка за спроведување истражувања и пишување, создавање контакти во САД и градење врски што придонесуваат кон развој на глобална мрежа промотори на демократијата.

Програмата е наменета за поддршка на практиканти и научници од земјите во развој. На сите стипендистите им е обезбеден ангажман во проекти, месечна стипендија, здравствено осигурување, поддршка за истражување, како и помош при патувањето пред почетокот и по завршувањето на програмата.

Повеќе информации поврзани со програмата, условите и начинот на пријавување можете да најдете на следата веб страница: http://www.ned.org/fellowships/reagan-fascell-democracy-fellows-program