Семинар „ЕУ и НАТО перспективите на балканските држави“

Македонски и бугарски новинари ќе имаат можност да учествуваат на семинарот „ЕУ и НАТО перспективите на балканските држави“, што ќе се одржи од 9 до 11 септември во Ќустендил, Бугарија. Семинарот е во организација на Центарот за развој на медиуми од Бугарија и со финансиска поддршка на фондацијата Конрад Аденауер.

Можност за учество на семинарот имаат сите новинари со најмалку две години професионално искуство, а предност ќе имаат оние кои известуваат за теми поврзани со надворешната политика, поточно ЕУ и НАТО проширувањето.

Заинтересираните може да се пријават директно кај организаторот на семинарот - Центар за развој на медиумите од Бугарија, на следната имејл адреса: ozlatev@mediacenterbg.org