Промовиран филмот за 10 години Ромаверзитас, технички помогнат од МИМ

На 29 септември 2011, Ромаверзитас го промовираше документарецот реализиран по повод десетгодишнината од постоењето на оваа програма за високо образование на Ромите.

Македонскиот институт за медиуми и регионалниот проект Роми во јавноста во кој учествува Институтот го помогнаа реализирањето на овој филм со обезбедување на опрема за снимање и монтажа на овој видео запис. Како и досега, МИМ ќе продолжи да придонесува кон активностите за претставување на ромската заедница во јавноста, како и на проблемите и предизвиците со кои се соочува таа.

Поддршката во оваа насока продолжува преку Високата школа за новинарство и за односи со јавноста чијшто основач е МИМ, а која и годинава обезбедува три целосни стипендии за студенти од ромска националност. Од 2006 до 2008, во МИМ се спроведуваше 9 месечна програма за обука на новинари Роми, преку која се едуцираа 36 млади новинари од оваа заедница.