Обука во МИМ – како да ги направите вашите онлајн изданија профитабилни?

Се чита за 0 мин.

 

Македонските онлајн изданија имаат одлична можност да го искористат искуството на Солвстен за да стекнат нови релевантни информации за успешни модели на создавање на маркетиншки одржливи и профитабилни онлајн медиуми од меѓународната сцена, но и да продискутираат /се консултираат околу технички и организациски решенија кои би им помогнале да го направат маркетингот на медиумите и онлајн изданијата поефикасен и пофункционален.

Учесници на обуката ќе бидат раководители на маркетинг, лица од маркетинг одделите, но и сопственици и менаџери на медиуми и онлајн изданија, со што оваа обука се стреми кон постигнување на синергија и подобра координација помеѓу маркетиншкиот и управувачкиот сегмент во медиумите во делот на искористување на Интернетот за генерирање на поголема публика и профит за медиумите.

Овој настан  е дел од серијата обуки за онлајн медиуми кои ги спроведува МИМ годинава, а се однесува на уредувачките, организациските, техничките и маркетинг аспектите во онлајн медиумите. Освен обуките, во рамките на проектот за онлајн медиуми МИМ спроведува и обемно истражување на состојбите со онлајн новинарството и онлајн медиумите во Македонија, кое ќе биде претставено на еднодневна конференција за онлајн медиумите која ќе се одржи во Скопје на 14 декември 2010, а за која ќе бидете дополнително известени.  Проектот се реализира со поддршка од Балканскиот фонд за демократија (БТД), Европскиот центар за новинарство и норвешката фондација Фрит Орд.