Експертска расправа за развојот на медиумската сфера во Македонија

Се чита за 0 мин.


Анализата ја скенира медиумската сфера во Македонија според индикатори поделени во пет поглавја:  1) Регулаторниот систем како предуслов за слободата на изразување, на плурализмот и на разновидноста на медиумите; 2) Плурализмот и разновидноста на медиумите, пазар и економско опкружување, транспарентност на сопственоста; 3) Медиумите како платформа за демократска дебата; 4) Професионален капацитет на институциите кои се основа на слободата на изразување, плурализмот и разновидноста и 5) Инфраструктура за поддршка на независните и плуралистички медиуми.
Овој документ е дел од регионалната иницијатива што МИМ ја спроведува заедно со Факултетот за политички науки од Загреб и експерти од Србија. Целта е да се подготви компаративна анализа за медиумската ситуација во сите три земји, но и да се креираат механизми за редовно следење и евалуација на состојбите во медиумската сфера во согласност со индикаторите на УНЕСКО, како основа за донесување јавни политики во областа на медиумите.   
Анализата ќе биде претставена во јавноста кон крајот на следниот месец.
Повеќе информации за оригиналниот документ за индикаторите на УНЕСКО може да најдете на следниот линк: http://unesdoc.unesco.org/images/0016/001631/163102e.pdf