Повик за пријавување за стипендиската програма за демократијата “Реган - Фасел“

Се чита за 0 мин.

Програмата пред сè е наменета за поддршка на практичари и научници од земјите во демократски развој, но и за истакнати научници од етаблираните демократии. Проектите кои ќе се работат во рамки на програмата може да се фокусираат на политички, социјални, економски, правни и културни аспекти од демократскиот развој, вклучувајќи различни методологии и пристапи. За стипендистите е обезбеден месечен надоместок, здравствено осигурување, патна помош и поддршка за истражувања, а од нив се очекува  да бидат целосно посветени на своите проекти.

Програмата ќе биде организирана во две петмесечни сесии во текот на 2013 и 2014 година:
- есенска: од октомври 2013 до февруари 2014година, и
- пролетна: од март до јули 2014 година

Сите заинтересирани имаат можност да аплицираат најдоцна до 1 ноември 2012 година.

Повеќе информации за критериумите и начинот на пријавување можете да добиете на следната веб страница:
http://www.ned.org/fellowships/reagan-fascell-democracy-fellows-program