МИМ ќе го промовира проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“

Се чита за 0 мин.

На 17 јуни (среда) 2009 година во Дипломатик салата на Скопски саем, со почеток во 12:30 часот, МИМ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде промовиран проектот Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“.

Проектот ќе се имплементира во основните и во средните училишта во Македонија од страна на МИМ и на Институтот за демократија во соработка со Европскиот центар за новинарство од Холандија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Финансиската поддршка за проектот ќе биде обезбедена од програмата МАТРА на Холандското Министерство за надворешни работи.

На пресот ќе се обратат министерот за образование и наука, г-нот Перо Стојановски и амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, г-ѓата Симоне Филипини. За значењето кое медиумската писменост го има за граѓаните во европски контекст, ќе зборува  претставникот на Европскиот центар за новинарство, г-нот Џош Лапорте, додека, пак, повеќе информации околу активностите на самиот проект ќе бидат презентирани од страна на директорката на МИМ, г-ѓа Билјана Петковска и медиумскиот експерт од Институтот за демократија, г-н Марко Трошановски.

Целта на овој проект е младите луѓе да ги унапредат познавањата за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества, за да можат критички да им пристапат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки кај различни видови медиуми - печат, електронски медиуми, Интернет - што би им овозможило  поангажирано учество во демократските процеси.