Сервис за поврзување на новинари и експерти ширум светот

Се чита за 0 мин.

Новинарите кои што сакаат да консултираат експерти во врска со различни глобални прашања, за интервјуа, за изјави или, пак, за податоци, може да се обратат до бесплатниот онлајн сервис Global Expert Finder (GEF), основан од Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации. Сервисот нуди датабаза на коментатори, аналитичари и академци, кои се експерти на различни теми, вклучувајќи политика, право, образование, права на жената, човекови права, тероризам, глобализација, религија и уметност. Експертите се поранешни политичари и дипломати, религиозни водачи, активисти на граѓанското општество, бизнисмени, филмски работници, автори, како и новинари и коментатори. Тие работат во различни делови од светот и зборуваат повеќе светски јазици. Новинарите може да ги контактираат експертите преку е-мејл адресите кои се наоѓаат во датабазата.

Основната цел на сервисот е да им послужи на новинарите кои пишуваат за комплексни политички, културни и религиозни теми, како и да го подобри разбирањето меѓу различните култури. Во време кога редакциите издвојуваат се помалку средства за претставништвата во странство, новинарите се соочуваат со нови предизвици кои бараат сеопфатно глобално известување. Овозможувајќи лесен пристап до експертите, целта на проектот е да им се помогне на новинарите да продуцираат продлабочени извештаи за битните прашања.

До пребарувачот може да пристапите на следниот линк: http://www.globalexpertfinder.org/