Амбасадата на САД организира курсеви по англиски јазик за новинари

Се чита за 0 мин.

Новинарите кои минатата година го посетуваа овој курс доколку се заинтересирани да продолжат со изучување на англискиот јазик, ќе треба да се пријават во Амбасадата. Оние што годинава за прв пат сакаат да посетуваат часови по англиски јазик ќе треба да достават Писмо на интерес преку електронска пошта, во кое, на најмногу една страница, ќе дадат кратка биографија за себе и за своето новинарско искуство, објаснување зошто се заинтересирани за изучување на англискиот јазик, како и контакт податоци. Овие писма треба да се испратат најдоцна до среда, 9 септември до 16:00 часот на следната електронска адреса cilimann@state.gov.

Тестирањето за утврдување на степенот на познавање  на јазикот ќе се врши во Центарот за странски јазици до 14 септември. 

Сите заинтересирани за подетални информации може да се обратат на: 

Nidija Cilimanova

 

Senior Media Specialist

U.S. Embassy Skopje

070 350 196

cilimann@state.gov