Во среда доделување на наградите за најграѓанските медиуми

Се чита за 0 мин.

Cov

В среда (27 јануари 2010) МИМ ќе ја  одржи церемонијата на доделување на Годишната медиумска награда на граѓанското општество 2009, со која им се оддава признание на медиумите кои, според повеќе од 100 граѓански здруженија од Македонија, го дале најголемиот придонес за зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество во земјава во изминатата година. На настанот, кој ќе се одржи во музејот на Град Скопје со почеток во 19 часот, освен главната награда, ќе се доделуваат и награди во следниве категории:

 

  • медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на национално ниво,
  • медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на локално ниво,
  • емисија во електронските медиуми или рубрика во печатените медиуми која најмногу придонесува за зајакнувањето и промовирањето на граѓанскиот сектор.

 

Добитниците на наградите и признанијата се добиени преку процес на гласање, кој се одвиваше во периодот од 15 октомври до 15 декември 2009 година, а во кој можност за изразување на своето мислење добија сите легално регистрирани здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија.

На присутните на оваа церемонија ќе им се обратат Билјана Петковска, директорка на МИМ, Филип Т. Рикер, амбасадор на САД  во Република Македонија и Весна Стаменковска, директорка на Институтот за трајни заедници.