Доделени наградите за најдобар европски весник

Се чита за 0 мин.

Жири комисијата на 11-от Конгрес на европските весници, кој се одржува во главниот град на Австрија, им додели награди на најдобрите весници во Европа, за кои годинава конкурираа 241 дневен весник од 27 земји од Европа.

Во категоријата најдобар национален дневен весник, наградата ја доби португалскиот „Информацио’’, весник кој според оценката на жирито се покажа како успешен модел за нов концепт на дневен весник. Повеќе.

Загрепскиот дневен весник „24 часа’’  минатата ноќ во Виена освои специјална награда. Според оценката на меѓународното жири составено од претставници на повеќе европски весници и новинарски училишта, „24 часа’’ доби специјално признание, со оценка дека се работи за дневен весник кој е основан со цел да биде весник на урбаното население.

При доделувањето на наградата, беше истакнато дека овој весник со одличните куси статии, со многу слики и таблоиден карактер ги снабдува читателите со информации од широк спектар. Повеќе.

За најдобар локален дневен весник жирито го прогласи шведскиот „Смоландпостен’’, а титулата најдобар регионален дневен весник му припадна на германскиот „Штутгарт цајтунг’’.

Темите за кои се дискутира на конгресот, меѓу останатото, е и можноста печатот да го издржи ударот на финансиската криза и падот на тиражот за кои беа презентирани поразувачки податоци.

Предизвик за медиумите претставува и онлајн новинарството, како и независноста на медиумите во средина на судирот на интересите на економијата, политиката, судството и граѓанското општество.

Свои искуства на виенскиот конгрес, кој трае и денеска, разменуваат повеќе од 200 уредници и издавачи од речиси сите европски земји.

На конгресот учествуваат и претставници на медиумите од Југоисточна Европа. (Извор: МИА)
Повеќе.