МИМ, ЗНМ и ЦРМ остро ги осудуваат меѓусебните медиумски пресметки

Се чита за 0 мин.

ImagesПо повод јавните напади и меѓусебни пресметки на медиумите во Македонија,  Македонскиот институт за медиуми, Здружението на новинарите на Македонија и Центарот за развој на медиумите упатија апел до медиумските професионалци, преку кој ги осудуваат меѓусебните медиумски пресметки, и ги повикуваат новинарите да застанат во одбрана на професионалниот интегритет и да не учествуваат во политичките и бизнис препирки на сопствениците на медиумите.   Во апелот се повикуваат и надлежните институции да стават крај на беззаконието и хаосот и да овозможат еднаква и фер позиција за сите медиуми на пазарот согласно важечката законска регулатива. ЗНМ, МИМ и ЦРМ сметаат дека сегашните состојби го рушат моралниот и професионален кредибилитет на новинарите во Македонија, резултираат со пад на стандардите на професијата и низок квалитет на новинарскиот производ,обременет со закани,притисоци, и страв на новинарите за работните места.