Денеска, на прес-конференција, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка го претставија извештајот од мониторингот за досегашниот тек на изборната кампања, работата на изборната администрација, како и извештајот од мониторингот на медиумите, кои се дел од заедничкиот проект за интегриран мониторинг на вонредните парламентарни избори „Мојот избор 2011“.