Стипендии за професионално усовршување на новинари од Балканот

Се чита за 0 мин.

Од сите пристигнати пријави, меѓународно жири ќе избере 10 предлог-проекти коишто ќе бидат финансиски поддржани. Во ракмите на оваа едногодишна програма, селектираните учесници треба да спроведат теренско истражување во државите од Европската унија, како и во соседните држави од Југоисточна Европа. Работата на секој стипендист ќе биде менторирана од искусни новинари, а ќе бидат организирани и семинари за методологија и за стандарди во новинарството во Виена и во Берлин. На стипендистите, меѓу другото, ќе им биде овозможено да направат интервјуа со значајни личности од политиката, медиумите и науката.

Целта на програмата е да се унапреди знаењето и известувањето за европските прашања во Југоисточна Европа, како и да се поттикне дијалог меѓу новинарите во регионот.

Повеќе информации за стипендиите, за условите за аплицирање и за адресата на која треба да се испратат апликациите, може да најдете на следните линкови: 

http://www.bosch-stiftung.de/content/language2/html/12732.asp

http://fellowship.birn.eu.com/