Интерњус доделува новинарски награди за известување за климатските промени

Се чита за 0 мин.

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на следниот линк: http://awards.earthjournalism.org, каде новинарите може да се регистрираат и да ги пријават своите приказни најдоцна до 7 септември 2009 година.

Интерњус годинава ги воспостави новинарските награди за заштита на планетата со намера да го поттикне и промовира најдоброто медиумско известување за климатските промени.    

Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата која ќе се одржи во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, закажана за декември 2009 во Копенхаген. Околу 200 држави на Конфренцијата треба да ги заокружат преговорите за иднината на Кјото Протоколот, кој вклучува мерки за справување со климатските промени. Мноштвото мерки и нивното потенцијално влијание што би резултирале од преговорите во декември, ја прават конференцијата во Копенхаген еден од најважните настани во историјата.