Отворен конкурсот за изложбата Подвижни ѕидови 17

Се чита за 1 мин.

Секоја изложба Подвижни ѕидови вклучува седум различни сетови на дела што се однесуваат на прашања поврзани со мисијата на ОСИ или географски региони каде што Институтот е активен. Приоритет им се дава на делата кои адресираат теми кои не биле покриени на претходните изложби. Иако сите пристигнати дела ќе бидат разгледувани, сепак следните теми се во фокусот на интересирањата на Институтот:

Бездржавност

Прашања поврзани со миграциите

Меѓународни прашања поврзани со ЛГБТ популацијата

Исламски заедници во Еврпа

Бурма

Жените во пост-конфликтните држави

Притвор без судење (во меѓународни рамки)

Прашања поврзани со јавното здравство, вклучувајќи достапност до потребните медикаменти, достапност до здравствена грижа за маргинализираните групи, вклучувајќи наркозависници, сексуални работници, ЛГБТ популацијата, луѓе со лица со посебни потреби, Роми

Климатски промени

Економски пад во САД, вклучувајќи ја кризата со недвижнините 

Слики што ја деконструираат претставата на влијателните медиуми за Афро-Американските мажи и деца

Трансполови индивидуи во САД

 

На конкурсот може да аплицираат фотографи кои имаат комплетирано сет на дела поврзани со човекови права или социјална правда. Ќе бидат прифатени сите жанрови на фотографии што во природа имаат документарна компонента и не се инсценирани или манипулирани на кој било начин. Ќе бидат избрани 7 портфолиа врз основа на квалитетот на сликите, релевантноста на проектот за мисијата на ОСИ и способноста на фотографот да ја пренесе сликата за  социјалната правда или човековите права на визуелно разбирлив, уникатен и респектибилен начин.

Комплетираните апликации треба да пристигнат во Институтот во Њујорк најдоцна до 23 октомври (петок) 2009 година до 17:00 часот, на следната адреса:

 

Quito Ziegler

Documentary Photography Project

Open Society Institute

400 West 59th Street

New York, NY 10019    

 

Повеќе детали за начинот на аплицирање и за други можности што ги нуди програмата  може да најдете на следниот линк:  http://www.soros.org/initiatives/photography/news/movingwalls_20090811