Објавен почетокот на гласањето за Годишната медиумска награда на граѓанското општество 2009

Се чита за 0 мин.

Според процедурата за доделување на Годишната медиумска награда на граѓанското општество, невладините организации ќе гласаат во следниве категории:

  • Медиум кој дал најголем придонес за промовирањето на граѓанскиот сектор на национално ниво
  • Медиум кој дал најголем придонес во промовирањето на граѓанскиот сектор на локално ниво
  • Програма, емисија или рубрика во електронските или печатените медиуми, која најмногу придонесува во промовирањето на граѓанскиот сектор

Дополнителни информации за проектот

Македонскиот институт за медиуми ја спроведува оваа иницијатива во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од УСАИД, а имплементиран од страна на конзорциумот предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ), во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Конект. Мисијата на проектот е да го зголеми граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на политичко и општествено ниво низ проширување и продлабочување на влијанието на граѓанското општество

Годинава наградата се доделува по четврти пат. Досегашни добитници на Годишната медиумска награда на граѓанското општество се А1 телевизија (2006, 2008) и Канал 5 телевизија (2007).  Наградите се во форма на сертификат (диплома) кој им се доделува на добитниците.

За подетални информации:

Петрит Сарачини, раководител на програми во МИМ

тел: (02) 30 90 004 ;

e-пошта: saracini@mim.org.mk;

веб: www.mim.org.mk