Отворен конкурсот за онлајн обуката „Слободата на изразување во дигиталното доба“

Се чита за 0 мин.

Во текот на 5 недели колку што е предвидено да трае курсот, учесниците ќе ги усовршуваат вештините за продуцирање мултимедиумски содржини, вклучувајќи пишување за интернет-страници и блогирање. Тие, исто така, ќе учат како да работат со онлајн заедници што отвораат конструктивен и одговорен дијалог. Преку истражување на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, учесниците ќе научат како социјалните мрежи се користат за покривање вести и како новинарите можат на најдобар можен начин да ги искористат содржините продуцирани од граѓани во насока на промовирање на интеркултурното разбирање.   

Курсот ќе се одржува на англиски и на арапски јазик, со цел да се овозможи дијалог меѓу новинарите кои доаѓаат од различни држави.

Група најуспешни учесници ќе бидат поканети да учествуваат на конференција во Александрија, Египет, на почетокот на 2010 година, чија цел е продолжување на дијалогот со други новинари од светот.

Курсот е бесплатен, што е овозможено од Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

За да аплицирате следете ги чекорите:

- Посетете ја следната страница: https://e-learn.icfj.org/

- Логирајте се или регистријате се, доколку сте нов корисник

- Кликнете на "Apply Now: Freedom of Expression in the Digital Age.

За повеќе информации обратете се на следниот контакт: bsebti@icfj.org.

Веста во оригинал може да ја најдете на следниот линк:

 

http://ijnet.org/ijnet/training_opportunities/icfj_offers_online_course_on_freedom_of_expression_in_the_digital_age