Награда за новинарски труд Жан МОНЕ 2009 - "Од падот на железната завеса до проширувањето во 2004 година”

Се чита за 1 мин.

Темата за овогодинешната награда е “Од падот на железната завеса во 1989 година до проширувањето во 2004 година”. Оваа годинатемата е избрана за да се одбележи 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20-годишнината од падот на Берлинскиот зид.
Со изборот на конкретната тема, ние се обидуваме да го потикнеме интересот на новинари кои работат и надвор од кругот на прашања поврзани со ЕУ во нивните весници, новински агенции или електронски медиуми.
Наградата се состои од статуетка и парична награда од 1000 евра.

Учесниците на конкурсот треба да се активни новинари/медиуми, и треба да ги достават следните документи: 

  • Биографија;
  • Копија од новинарскиот(-те) материјал(-и):
  • Печатените медиуми треба да достават фотокопија на објавениот (-те) напис(-и) ;
  • Интернет медиумите треба да ја достават испечатена интернет страницата(-ите), вклучувајќи го/ги релевантниот(-те) линк (-ови) и датумот на објавување;
  • Електронските медиуми треба да достават видео или аудио лента со емитуваниот (-те) материјал(-и), (во вкупно времетраење до 1 час);
  • Име и адреса на медиумот за кој работат
  • Телефон, факс или е-мејл.

Пријавените трудови треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Треба да се индивидуални авторски текстови/аудиовизуелни материјали потпишани со вистинското име на авторот;
  • Треба да се одликуваат со аналитичност, актуелност, објективност и сопствен стил;
  • Треба да се објавени/прикажани од 10 ноември 2008 до 10 октомври 2009 година и да го содржат датумот на објавување/емитување и името на медиумот.
  • Треба да одговараат на темата дефинирана за ова издание 2009 “Од падот на железната завеса во 1989 година до проширувањето во 2004 година

Секој од учесниците во конкурсот може да испрати максимум 3 објавени/прикажани трудови.

Пријавените трудови ќе ги оценува независно жири кое вклучува експерти од професионални новинарски здруженија, академски институции, претставници на амбасади на земји-членки на ЕУ и земји-кандитатки, и на Мисијата на Европската Унија.

Жирито има право да ги отфрли пријавените трудови кои не одговараат на наведените критериуми.

Крајниот рок за доставување е 17.00 часот, 17 ноември, (ќе се зема предвид датумот на поштенската пратка означена со “За ‘Жан Моне’ Награда за новинарски труд” ) на следната адреса:

Мисија на Европската Унија
Мито Хаџивасилев Јасмин 52в
1000 Скопје

Свеченоста за доделување на наградата ќе се одржи на 15 декември 2009.

Лице за контакт:
Константин Јовановски
Мисија на ЕУ во Скопје
тел: 3248 537
факс: 3248 501
E-mail: konstantin.jovanovski8@ec.europa.eu .