Повик за учество во обука за новинари

Се чита за 0 мин.

Целта на оваа обука е новинарите од регионот да се запознаат со проблемите од областа на животната средина и да се обезбеди долгорочна поддршка за обработка на овие теми во медиумите.

Во рамки на обуката ќе бидат опфатени следниве теми: Вода и менаџирање на водите во земјите од Југоисточна Европа; отпад и управување со отпад во земјите од Југоисточна Европа; одржлив развој; климатските промени.

Повикот за учество е отворен за сите професионални новинари, млади новинари (со работно искуство до 5 години) и студенти по новинарство кои се во последната година од студиите.

Сите кандидати треба одлично да го владеат англискиот јазик и да имаат соодветно искуство во третирање на теми кои се однесуваат на животната средина.

Заинтересирани кандидати од Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово треба да аплицираат најдоцна до 20 март 2010г., на следниве е-маил адреси:

trening@media.ba; ljilja@media.ba

или на тел: +387 33 715 840

Повеќе информации и детали во врска со процесот на  аплицирање можете да добиете на следнава веб адреса: www.media.ba