Награда за најдобар училиштен весник

Се чита за 0 мин.

Stuvesnik

По повод 3 Мај - Светскиот ден на слободата на печатот, Светската асоцијација на печатени медиуми и на издавачи (WAN-IFRA) ја објавува меѓународната награда за најдобар училиштен весник. Наградата се доделува на училиштните весници кои што на најкреативен начин ќе ги искористат материјалите што ги обезбеди Светската асоцијација на печатени медиуми и на издавачи. Целта е учениците на ефективен начин да се запознаат со значењето на слободата на медиумите.

На овој конкурс може да учествува по еден весник од секое училиште. Во прилог треба да се испрати печатено издание на весникот, кое може да биде надополнето со материјали од други платформи, како на пример, веб страници, блогови, видеа итн. Весникот може да биде изработен на кој било јазик, но апликацијата мора да биде на англиски јазик во пауер поинт (Power Point) презентација, преку која учениците ќе образложат што изработиле и зошто е тоа значајно.

Во рамки на овој награден конкурс Светската асоцијација на печатени медиуми и на издавачи (WAN-IFRA) обезбедува пристап до голем број публикации, есеи, илустрации, фотографии итн., тематски поврзани со Светскиот ден на слободата на печатот, и истите може да се преземат од  следнава интернет-страница: www.worldpressfreedomday.org

Апликациите треба да бидат испратени најдоцна до 10 мај 2010г., на следната адреса:

WAN-IFRA, 7 rue Geoffroy St. Hilaire, 75005 Paris

youngreader@wan-ifra.org 

Дополнителни информации за конкурсот можете да најдете на следната интернет-страница.