Објавен конкурсот за наградата “Лоренцо Натали 2010“

Се чита за 0 мин.

Европската Комисија во соработка со Репортери без граници и Светската асоцијација на печатени медиуми, го објави за отворен конкурсот за наградата „Лоренцо Натали 2010“ за новинари кои придонесуваат за развој на демократијата и човековите права.

„Лоренцо Натали“ е интернационална награда која се доделува од 1992 година. Досега повеќе од 1000 новинари од 130 земји биле дел од овој традиционален настан кој што ги вреднува новинарските продукти што придонесуваат во борбата за поголеми човекови права, унапредување на демократијата и севкупниот развој воопшто.

Право на учество имаат сите новинари од печатените, електронските и интернет медиумите. Секој апликант може да учествува со по еден новинарски труд објавен во период од 1 јули 2009 година до 30 јуни 2010 година.

Сите заинтересирани кандидати може да најдат повеќе информации за наградата, како и да аплицараат на следната веб страница: www.nataliprize2010.eu