Објавен конкурсот за наградата “Даниел Перл“

Се чита за 0 мин.

Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ICIJ) го објави годинешниот конкурс за наградата “Даниел Перл“ - за најдобро меѓународно новинарско истражување.

Конкурсот е отворен за секој професионален новинар или тим од новинари без разлика на националната припадност. Основен услов е новинарските стории да содржат известувања од најмалку две држави на теми од светско значење.

Сите заинтересирани новинари своите стории треба да ги испратат најдоцна до 1 јули 2011 година.
 
За повеќе информации на: http://www.publicintegrity.org/investigations/icij/awards/