Одржано десеттото Годишно собрание на МИМ

Се чита за 0 мин.

 

Во рамки на дискусијата за потребите и приоритетите на корисниците, беше констатирано дека МИМ и во иднина треба да продолжи со организирање на стручни обуки и семинари за новинари, како и со иницијативите за воведување на саморегулаторни механизми во медиумите во Македонија, во насока на унапредување на професионалните и етичките стандарди согласно светските трендови. Присутните ја истакнаа и својата загриженост за нарушениот имиџ на новинарската професија во нашата држава, што на одреден начин влијае врз интересот на младите за студирање новинарство и комуникации.