МИМ организира дебата и тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на слободата на печатот

Се чита за 0 мин.

Вториот настан, тркалезната маса со наслов “Пристапот на медиумите до информации од јавен карактер”, ќе се одржи на 7 мај 2009 во  хотел “Холидеј ин” Скопје, со почеток во 10 часот.

На оваа тркалезна маса ќе учествуваат новинари, претставници на институциите- иматели на информации од јавен карактер, членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и домашни и меѓународни експерти од областа на слободниот пристап до информациите од јавен карактер. Целта на оваа тркалезна маса е да се разменат искуствата помеѓу претставниците на медиумите и на имателите на информациите од јавен карактер за досегашната практика во функционирањето на Законот, како и да се дискутираат можните проблеми со кои медиумите и јавноста се соочуваат во пристапот до овој вид на информации.