Едногодишна школа за новинарство

Се чита за 0 мин.

 

Во вториот семестар, кој заврши во средината на април, студентите ја поминаа специјализацијата за новинарство во печатените и електронските медиуми. Во овој семестар тие ги следеа модулите Новинарско изразување во печатот, Радионовинарство, Телевизиско новинарство, Мултимедиа 2, Фотоновинарство, Новинарска етика, Истражувачко новинарство и Македонски јазик. На крајот од секој модул студентите изработија завршни вежби и беа соодветно оценети.

Тематски семинари

Во рамките на наставата се организираа и два тематски семинари. На првиот Новинарско известување за полиција и судство темата беше организациската поставеност на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и судовите. Гостите-предавачи Горан Павловски, шеф на кабинетот во МВР и д-р Драган Тумановски, претседател на Здружението на судии на РМ зборуваа за тоа што треба да знаат новинарите кога МВР и судовите се извори на информации

На вториот темтски семинар Уредувачката политика на медиумите во земјава гости беа Младен Чадиковски, главен и одговорен уредник во А1 Телевизија и Катерина Блажевска, уредник и колумнист во весникот „Дневник”.

Пракса

Во средината на април МИМ обезбеди тринеделна пракса на студентите во медиумските куќи во земјава. Студентите стажираа во телевизиите А1, Канал 5, МТВ, Сител и Алсат М, во ТВ емисијата „Еврозум”, во Радио Слободна Европа и радио Вати, во дневните весници „Шпиц” и „Дневник”, во магазинот „Авангарда”, во новинската агенција „Асошиетед прес” - албанска редакција и во интернет страницата „Кирилица”.

Стажирањето им овозможи на студентите да ја почувствуваат динамиката на редакциската работа во медиумите.