Уредници на интернет изданија ќе дебатираат за уредувачката етика

Се чита за 0 мин.

Уредувачката етика во он-лајн медиумите е тема на тркалезната маса што ја организира Македонскиот институт за медиуми в понеделник, 8 јуни 2009. На средбата, која ќе се одржи во просториите на Институтот, ќе бидат претставени Препораките за уредувачка етика во он-лајн медиумите, подготвени од Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), а ќе се дискутираат досегашните практики на уредувачка етика во интернет изданијата во земјава и можностите за ниво подобрување.    

На тркалезната маса ќе присуствуваат уредници на он-лајн медиуми и интернет изданија на традиционални медиуми од земјава, кои ќе дебатираат околу ова важно прашање за понатамошното продлабочување на примената на професионалните новинарски стандарди во новите медиуми.