Преку саморегулација до послободни и поодговорни медиуми

Се чита за 0 мин.

Целта на оваа иницијатива е да помогне во процесот на усогласување на медиумските стандарди во земјите од регионот со европските стандарди, преку пренесување на позитивните искуства од примената на саморегулацијата, но, и да ја поттикне саморегулацијата во медиумската сфера во регионот.

Во дебатата беше истакнат и предлогот за медиумски омбудсман, кој би бил именуван од страна на Претседателот на Република Македонија и кој, со закон би бил определен како прво ниво за разгледување на жалбите и поплаките против медиумите. Исто така, беше расправано и околу потребата од формирање трипартитно саморегулативно тело со претставници од новинарите, сопствениците и корисниците, односно јавноста, по примерот на многу саморегулаторни тела за медиуми во Европската унија. 

 Во рамки на настанот беше претставен и документот„ Осврт кон прашањето на саморегулацијата во медиумите во Македонија“, со кој се презентираа најважните прашања поврзани со медиумската саморегулација и досегашното искуство со функционирањето на овие тела во Македонија. Учесниците на дебатата ги поддржаа предлог-препораките кои се содржани во овој документ и ја потенцираа потребата од натамошни активности со кои ќе се реализираат предлозите и заклучоците.

Заклучокот на дебатата беше дека медиумската саморегулација ќе придонесе да се подобри состојбата со почитувањето на професионалните и етичките стандарди во новинарството и ќе се овозможи поголема заштита на правата на граѓаните во објавените содржини во медиумите.