Наградени 17 средношколци

Се чита за 0 мин.

Fotki1 1Во рамки на проектот “Мулти виа медиа“, Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ги доделија наградите за најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“.

Седумнаесет средношколци кои покажаа најголема креативност и умешност во изработката на текст, фотографија и видео, освоија вредни награди како камери и фотоапарати, но и стипендии за студирање на Високата школа ( www.multiviamedia.edu.mk ).

На конкурсот, со свои текстови, фотографии и видеа, се пријавија 103 средношколци од различни краеви на Македонија и од различна етничка припадност. На тема “Исти сме“, учениците имаа за задача да изработат медиумски производи кои ја отсликуваат мултикултурноста меѓу младите луѓе и ги потенцираат заедничките потреби и интереси кои ги споделуваат.

Овој проект го спроведуваат МИМ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Финансиската поддршка е обезбедена преку Амбасадата на САД во Република Македонија.

Fotki2 2